Кина го отфрли планираниот референдум за демократизација во Макао

Од:

Кина го отфрли предложениот референдум за демократизација во Макао, сличен на неофицијалното јунско изјаснување во соседен Хонг Конг, оценувајќи го како бесмислен.

Три организации на почетокот на оваа недела соопштија дека ќе организираат референдум за 600.000 жители на Макао, што ќе се совпадне со очекуваниот реизбор во август на локалниот лидер Фернандо Чуи.

Гласањето во Хонг Конг беше пропратено со повеќеилјадни демонстрации, на кои демонстрантите инсистираа на правото во 2017 година слободно да го изберат својот локален лидер.

Исто како Хонг Конг, и Макао има широка автономија и слобода на говорот, што се недозволени во континенталниот дел на Кина.

– Една административна област нема овластувања да организира референдум или каква и да било активност поврзана со референдум, соопшти Канцеларијата за врски во Пекинг – орган што ја надгледува работата на администрацијата во Макао, дополнувајќи дека ја поддржува позицијата на властите во Макао.

Локалната Влада во Макао пред тоа соопшти дека референдумот „нема никаква уставна или правна основа и е незаконски и невалиден“.

Слично на Хонг Конг, 400-член орган (локален совет) го избира лидерот на Макао, каде мал комитет, составен главно од пропекишки лојалисти, избира кој да учествува на изборите, а во пракса ги елиминира од правото на глас.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција