Кина го објави Извештајот за кршење на човековите права во САД во 2020

Од:

Канцеларијата за информации на Државниот совет на Кина денеска објави „Извештај за кршењето на човековите права во САД во 2020 година“, во кој презентираше податоци за лошата состојба со човековите права во оваа земја, соопшти кинеската медиумска група ЦМГ.

Минатата година беше обележана низ целиот свет со ширење на епидемијата на Ковид-19, што претставуваше голема закана за човечките животи. Во извештајот се наведува дека неодговорното однесување на американската администрација доведе до тоа епидемијата во таа земја да биде целосно надвор од контрола.

Населението во САД сочинува помалку од пет проценти од светското население, но, според податоците собрани до крајот на февруари, бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во таа земја надмина една четвртина од вкупниот број на случаи ширум светот . Коронавирусот однесе повеќе од 500.000 животи во САД, што е околу 20 проценти од смртните случаи во светот, се наведува во извештајот.

Нарушувањето на американскиот демократски систем предизвика политички хаос, што ги продлабочи поделбите во општеството, се наведува во извештајот и додава дека индексот на доверба на населението во американскиот демократски систем опадна на најниско ниво во последните 20 години.

Во документот се наведува и дека етничките групи во САД долгорочно се цел на дискриминација, како и дека живеат во тешки услови. Една третина од малолетниците во САД се Американци со неевропско потекло, додека другите две третини се малолетници во затворите.

Стапката на инфекции со коронавирус кај Афроамериканците е три пати поголема од стапката на инфекција кај Американците со европско потекло, додека стапката на смртност е двојно поголема. Околу една четвртина од младите Американци со азиско потекло се жртви на расно насилство.

Извештајот истакна дека јазот меѓу богатите и сиромашните во САД рапидно се зголеми. Лошата состојба поради епидемијата доведе до огромни загуби на работни места. Десетици милиони луѓе го загубија своето здравствено осигурување, а ранливите групи станаа најголемите жртви на политиката на пасивно реагирање на американската Влада на епидемијата.

Во време кога беше потребна солидарност во глобалната борба против Ковид-19, САД тврдоглаво инсистираа на политиката „Америка на прво место“ и промовираа изолационизам и унилатерализам, воведуваа санкции како честа мерка и постојано им се закануваа на меѓународните организации, ладнокрвно ги третираа оние кои од нив бараа азил и со тоа станаа најголемиот проблем за глобалниот мир и стабилност, се наведува во Извештајот на кинескиот Државен совет, пренесен од медиумската групација ЦМГ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја