Кина ги преполови карантинските денови за патниците кои пристигнуваат од странство

Од:

Карантинот за патниците кои пристигнуваат во Кина од странство е намален од 21 на седум дена во хотел и три дена домашен надзор, објави денеска Националната здравствена комисија.

Новите регулативи претставуваат голема промена во ограничувањата за влез во Кина, бидејќи земјата ја следи строгата стратегија за нула ковид од почетокот на пандемијата.

Пекинг ги затвори своите меѓународни граници кога коронавирусот почна да се шири, а бројот на летови што пристигнуваа во Кина остана многу ограничен за да се намали бројот на увезени случаи на инфекција.

Во последните две години, патниците кои пристигнуваат од странство мораа да поминат низ скап карантин во хотел или во одредени центри. Согласно новата политика за контрола и превенција од Ковид-19, овој таканаречен централизиран карантин е скратен на седум дена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски