Кина ги отфрли обвинувањата за вмешаност во хакерски напади

Од:

Кинеските власти ги оценија денеска како измислени обвинувањата на САД и другите земји дека Пекинг извршил хакерски напад врз компјутерскиот гигант „Мајкрософт“ и покренал големи кибер напади.

Вашингтон и неговите сојузници вчера ја оценија како „злонамерна“ кибер активноста на Пекинг, кој е обвинет за хакерскиот напад во март врз групата „Мајкрософт“.

САД, Европската унија, Велика Британија, Нов Зеланд, Јапонија, Австралија, НАТО и Канада во одделни изјави ја повикаа Кина да дејствува „одговорно“ во кибер просторот.

Кинеските власти денеска категорично демантираа вмешаност во хакерски напади.

– Таа акција е измислена … Тоа е кампања на клевети и притисок, која е целосно политички мотивирана, изјави портпаролот на кинеската дипломатија, Жао Лиџијан, додавајќи дека САД се главниот извор на кибер напади низ светот.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он