Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Од:

Пекинг решително ги отфрла неоснованите обвинувања на САД во однос на кинеската трговска и економска размена со Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„САД продолжуваат да упатуваат неосновани обвинувања за нормалната трговска и економска размена меѓу Кина и Русија додека донесуваат закон за голема помош за Украина“, рече Ванг на редовниот брифинг со новинарите на прашањето за коментар за обвинувањата на САД и можните санкции поради ова прашање, пренесува Ксинхуа.

Ванг нагласи дека позицијата на Кина за украинското прашање е „фер и објективна“ и дека неговата земја „активно работи“ на мировните преговори и политичкото решение на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Руски напад на Криви Рог: Најмалку 18 загинати, меѓу кои и девет деца

Зеленски: Украина нема да ги признае окупираните територии

Каволи: Украина реши некои од нејзините недостатоци во екипирање трупи кои се борат против Русија

„Самоуништувачко насилство“ – Кина вети решителни контрамерки против царините на Трамп

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали