Кина бара гаранции за правата на Палестинците

Од:

Специјалниот кинески пратеник за Блискиот Исток ја припишува причината за кризата во односите меѓу Израел и Газа на недостатокот на гаранции за легитимните, национални права на Палестинците, рече тој на средбата со неговиот руски колега.

Кинескиот пратеник за Блискиот Исток Жаи Јун слета во Катар каде заедно со рускиот пратеник Михаил Богданов ја координираше позицијата на Пекинг со Москва во однос на нивните напори за деескалација на конфликтот во Газа.

„Клучната причина поради која ја имаме оваа ситуација во палестинско-израелскиот конфликт е тоа што на палестинскиот народ не му се загарантирани легитимните национални права“, рече Жаи, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин одржа разговори со кинескиот лидер Кси Џинпинг во Пекинг.

Вооружени членови на Хамас на 7 октомври влегоа во јужен Израел од Појасот Газа, каде што убија најмалку 1.400 луѓе, на што Израелците возвратија со воздушни напади, а 2,3 милиони жители на Газа се под опсада.

Една недела подоцна, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го осуди „секој чин што им штети на цивилите“, но не го именуваше Хамас, додека рече дека израелските акции „ја преминале линијата на самоодбрана“.

Во спротивниот табор од Кина и Русија се САД, чиј претседател Џо Бајден најави дека ќе бара дополнителни средства за помош на Израел, вредна неколку милијарди долари, за да може да се бори против Хамас.

Од друга страна е ставот на Русија, според кој САД и нивните западни сојузници ја игнорирале потребата од независна палестинска држава во границите од 1967 година.

Најголемата земја во светот подготви резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на прекин на огнот во Газа, ослободување заложници, пристап до хуманитарни организации и безбедно евакуација на цивили, но предлогот не доби доволно поддршка.

„Кина е длабоко разочарана од американското блокирање на предложената резолуција на ОН“, истакна во четвртокот портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

По средбата во Катар, пратеникот Жаи потврди дека Кина е подготвена да ја продолжи комуникацијата и координацијата со Русија за смирување на израелско-палестинскиот конфликт.

Во главниот град Доха, Хамас повеќе од една деценија има политичка канцеларија која овозможува директна комуникација со нејзините членки, поради што Катар е незаменлива станица за сите странски дипломати кои сакаат да посредуваат во конфликтот меѓу Израел и Газа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела беше во Доха и му кажа на катарскиот премиер дека Вашингтон прави се што е потребно за да обезбеди ослободување на заложниците кои се држат во Газа. Покрај тоа, тој апелираше до Израел да ги преземе сите можни мерки на претпазливост за да избегне повреди на цивили.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави