САД треба да е загрижен поради национализмот во Јапонија, оцени кинескиот амбасадор во Вашингтон, Чуи Тијанкаи, додавајќи дека тие не треба да ја охрабруваат Јапонија во територијалниот спор со Кина.
-САД треба да внимава на провокациите од јапонските политички лидери-истакна тој.
Според неговите зборови, Јапонија е главен провокатор во спорот поради островот, а не Кина.
Кина и Јапонија се во спор поради неколкуте групи ненаселени острови на Источното кинеско море, кое во Јапонија го нарекуваат Сенкаку, а во Кина Диаоју.
САД истакнаа дека немаат став во врска со територијалниот спор помеѓу двете држави.
Како дополнителен извор на тензија, помеѓу Кина, Јапонија и Јужна Кореја, кинескиот амбасадот ја издвои и посетата на јапонските политичари на споменикот на борците од Втората Светска војна, кои Кина и Јужна Кореја го гледаат како симбол на јапонскиот милитаризам.
-Каква порака и праќа Јапонија на меѓународната заедница-праша тој и додека дека е невозможно САД тоа да не го гледа.
Елена Георгиевска