Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ја пофали Јужна Кореја за организацијата на Зимските олимписки игри и рече дека е важно да се постигне „топла клима на помирување и дијалог“.
Изјавите дојдоа откако официјалната делегација на Северна Кореја, предводена од сестрата на Ким, Ким Јо Џонг, се врати дома од нивната историска посета на Јужна Кореја.
– Многу е важно да продолжат добрите резултати со понатамошно оживување на климата на доверба и дијалог, која создаде силна желба и заедничка волја помеѓу Северна и Јужна Кореја, истакна Ким.