Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун издаде наредба одамна затворената „жешка линија“ со Јужна Кореја повторно да биде воспставена, јави државната телевизија на Северна Кореја.
Каналот за комуникација има за цел да воспостави официјален дијалог за испраќање на севернокорејска делегација на Зимските олимписки игри, кои следниот месец ќе се одржат во Јужна Кореја.