Ким Јонг-ун најави јакнење на севернокорејскиот нуклеарен арсенал

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во обраќањето на воената парада во Пјогнјанг најави јакнење на националниот нуклеарен потенцијал.

„Ќе продолжиме да преземаме чекори за зајакнување и развој на нуклеарните капацитети на нашата земја со најбрзо темпо“, ја пренесува изјавата на Ким Централната севернокорејска новинска агенција (КЦНА).

Изјавата сенернокорејскиот лидер ја дал синоќа на воената парада одржана во Пјонгјанг по повод 90-годишнината од основањето на Корејската народна револуционерна армија.

Против Северна Кореја се воведени остри меѓународни санкции поради нејзината програма за нуклеарно оружје.

Оваа година севернокорејската армија спроведе неколку тестирања на воените капацитети, вклучително и на интерконтинентална балистичка ракета со голем дострел.

За севернокорејскиот лидер нуклеарното оружје е симбол на националната моќ. Иако примарната улога на тоа оружје е одвраќање, Ким Јонг-ун истакнува дека „тоа не може да се врзе само за една мисија“.

„Доколку некоја сила се обиде да ги узурпира основните интереси на нашата земја, нашите нуклеарни сили нема да имаат друг избор освен неочекувано да ја извршат својата друга мисија“, рече тој.

Агенцијата КЦНА објави дека на парадата било презентирано најсофистицираното оружје на Северна Кореја, вклучувајќи ја и „Хвасонг-17“ интерконтинентална балистичка ракета за која се тврди дека била успешно тестирана на 24 минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Јапонското море

Путин му подари автомобил на Ким Јонг-ун

Северна Кореја истрела непознати крстосувачки ракети кон Јапонското Море

Северна Кореја ја истрела третата ракета за седум дена

Ким Џонг-ун истрела крстосувачка ракета од подморница