Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун би можел да ја посети Русија во ноември, соопшти амбасадорот на Јужна Кореја во Москва, Ву Ју-кун.
„Русија побара посетата да биде направена пред крајот на годината. Се чини дека Северна Кореја ги разгледува датумот, локацијата и агендата на разговорот. Најверојатно оваа посета ќе се одржи во ноември, со оглед на бројните околности“, рече Ву Ју-кун.
Тој додаде дека рускиот претседател, Владимир Путин, ќе ја посети Јужна Кореја во првата половина од 2019 година.