Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин соопшти денеска дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наскоро ќе допатува во Сеул.
Мун вели дека таква желба изразил Ким на крајот на Самитот во Пјонгјанг во септември.
Во обраќањето пред парламентот, Мун информираше дека најверојатно наберзо ќе се случи и втора средба на врвот меѓу САД и Северна Кореја.. Тој не спомна конкретни датуми за ниту една од средбите.
Мун се надева дека неговите дипломатски напори, во чии рамки годинава трипати се сретна со Ким, ќе ја убедат Северна Кореја да се откаже од програмат за нуклеарно вооружување