Ким Џонг Ун: Јужна Кореја ќе жали доколку го наруши договорот

Од:

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун ја предупреди Јужна Кореја дека ќе зажали, доколку ја наруши спорната поморска граница помеѓу двете држави, пренесуваат медиумите.

-Водите во југозападниот дел од државата се изложени на чести закани поради неколкумина непријатели -изјави тој во тек на воените вежби, во кои учествуваа војници, артилериско оружје од различен калибар, воени бродови и подморници, бомбардери и транспортни авиони.

Како што пренесе „Франс прес“ симулираниот напад бил насочен кон пет острови, кои се под контрола на Јужна Кореја, а се наоѓаат во близина на југозападниот дел на Северна Кореја.

Сеул претпоствува дека овие острови би биле прва мета на Северна Кореја, во случај на воружен судир.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета