Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун го покани претседателот на Јужна Кореја да го посети Пјонгјанг.
Поканата лично ја врачи 28-годишната сестра на Севернокореецот, Ким Јо Џонг, за време на состанокот во Сеул.
Медиумите коментираат дека се работи за историска средба, која би можела да ги затопли односите мегу двете Кореи.
Јо Џонг е прв претставник на династијата Ким, која дошла во посета на Јужна Кореја откако полуостровот беше поделен пред 65 години.