Ким Џонг-ун го пофали Путин за „добрата одлука да ги запре непријателските сили“

Од:

Народот на Северна Кореја му изразува целосна поддршка и солидарност на рускиот народ, изјави денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, а пренесуваат тамошните државни медиуми.

Ким Џонг-ун на својот руски колега му испрати честитка по повод рускиот национален празник и уште еднаш ја поддржа Русија откако започна агресијата врз Украина.

Во соопштението, објавено од севернокорејската новинска агенција КЦНА, не се споменува инвазијата на Украина или вмешаноста на Москва во вооружениот конфликт, но се пофалени „добрата одлука и лидерството на Владимир Путин да ги запре растечките закани на непријателските сили“.

„Ја поддржуваме Русија во светата и безмилосна борба за одржување на сопствениот суверенитет, развој и интереси на својата земја“, се вели во соопштението и се споменува конфликтот против западните империјалистички сили, поточно против Соединетите Американски Држави.

Северна Кореја и Ким Џонг-ун во исто време ја осудија западната воена помош за Украина и уште еднаш ја негираа сопствената помош со ракети и проектили за руската паравоена група Вагнер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски