Ким Џонг-ун е подготвен за разговори со јужнокорејската претседателка

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во своето новогодишно обраќање изјави дека е подготвен за средба оваа година со јужнокорејската претседателка Парк Геун-хје.

– Зависно од расположението и условите кои ќе постојат, нема причина да не разговараме на највисоко ниво, истакна Ким во обраќањето на националната телевизија.

Тој ја нагласи потребата за „големи промени“ во односите Југ-Север, додавајќи дека Пјонгјанг „ќе направи се“ за напредок на дијалогот и соработката со Сеул.

Двете земји на Корејскиот Полуостров формално се уште во воена состојба, бидејќи Корејската војна во периодот меѓу 1950 и 1953 година заврши со примирје, но не и потпишување на мировен договор.

Односите меѓу двете земји значително се влошија во 2010 година, откако во Жолтото Море беше потопен  јужнокорејски патролен брод, за што Сеул го обвини Пјонгјанг.

Јужна Кореја се надева на значаен напредок во меѓукорејските односи оваа година, кога се одбележуваат 70 години од корејското ослободување од 35-годишното јапонско колонијално владеење.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета