Киев воспоставува контролни пунктови меѓу Крим и Херсон

Од:

Украинската државна гранична служба воспоставува контролни пунктови на „линијата на административната граница“ меѓу Херсонската област на југот на Украина и Крим.

Началникот на одделението на службата за соработка со медиумите Олег Слободијан изјави дека тоа, меѓутоа, не е формирање на погранични пунктови, бидејќи, како што рече, не е надлежности на таа служба.

– Таму сега функционираат контролни пунктови, но ако беше донесена таква одлука на ниво на Владата, во согласност со неа ќе ја применуваме, рече тој.

Според Слободијан, Киев за воспоставување на контролата презема „соодветни мерки, носи неопходни тактички средства, организира компјутерска поддршка и останато“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“