Киев тврди: Во нападот во Севастопол го убивме високото раководство на флотата

Од:

Украинските сили за специјални операции тврдат во соопштение дека нападот врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол резултирал со десетици мртви и ранети.

Високото раководство на флотата е меѓу жртвите, пренесува CNN.

Во соопштението на Телеграм, се наведува дека специјалната операција наречена „Стапица за ракови“, која била спроведена во петокот, била темпирана во моментот кога се состанувале високи офицери на руската морнарица и дека нејзиниот резултат бил десетици мртви и ранети, „вклучувајќи го и високото раководство на флотата“.

„Храбрата и макотрпна работа на силите за специјални операции овозможи навреме и прецизно да се таргетира штабот на Црноморската флота, додека повисокиот штаб на руската морнарица се состануваше во привремено окупираниот град Севастопол“, се вели во соопштението.

Се додава дека „деталите за нападот ќе бидат откриени што е можно поскоро“.

Украина засега нема дадено никакви дополнителни информации или докази за конкретни жртви меѓу припадниците на руската Црноморска флота, наведува Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната