Киев: Руската тенковска колона што навлезе во Украина е обид за отворање нов фронт за судири

Од:

Руски сили маскирани како проруски сепаратисти ја преминале границата и навлегле во југоистоична Украина, далеку од реонот во кој се водат интензивни борби, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Лисенко.

Тој појасно дека станува збор за колона од 10 тенкови, два БТР и два камиона кои ја преминале границата близу Шчербак кај Нобоазовски, места гранатирани ноќеска од руска територија.

Според Лисенко, навлегувањето на таа колона во тој дел од Украина може да се толкува како обид за отворање нов фронт и нова зона за конфронтација во Украина. Тие информации зборуваат за обид за следни напади врз Мариупол, пристаништен град на Азовското Море. Градот се наоѓа на главниот пат меѓу Русија и полуостровот Крим анексиран од Москва во март.

Рускикот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нема информации за колоната за која соопшти Лисенко.

Претходно западни медиуми објавија поинакви бројки за колоната – од 40 – 50 воени возила.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци