Претставникот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Андриј Лисенко изјави денеска дека од областите во кои се спроведуваат антитерористички операции во источниот дел на земјата во други региони на Украина се раселиле повеќе од 445 илјади лица.
Според информациите на СНБО во Артјомовск и Артјомовскиот регион на Доњецката област моментално живеат околу 49 илјади присилно раселени лица, а слична е ситуцијата и во Константиновск, каде се наоѓаат околу 59 илјади раселени лица.
Лисенко додаде дека во изминатите 24 часа во зоната на спроведување на операцијата украинските сили не претрпеле загуби, а ранети се шест украински војници.