Киев подготвен за билтерален состанок со Русија

Од:

Шефот на украинската дипломатија Андеј Дешчица денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров.

– Ние сме подготвени во секое време да се сретнеме со нашите руски колеги, ако тоа е потребно, изјави Дешчица по повод утрешниот министерски состанок на Советот на Европа во Виена.

Тој посочи дека евентуалната средба би се случила на маргините на министерскиот состанок.

Дешчица истакна дека е потребно да се разговара пред се за земјоделството и снабдувањето со гас, но најмногу за „руската имтервенција во украинските внатрешни работи и руската агресија на украинска територија“.

– Сакаме со Русија да разјасниме кој став го имаат во врска со Украина, наведе украинскиот министер за надворешни работи.

На утрешниот состанок на Советот на Европа, на кој ќе учествуваат 30 шефови на дипломатијата, Дешчица очекува поддршка за стабилизацијата и демократскиот развој на Украина, како и заштита на човековите права.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски