Киев: Не можеме да ја гарантираме безбедноста на тимот на МААЕ

Од:

Украина не може да ја гарантира безбедноста на тимот инспектори на ОН кои денеска пристигнаа во нуклеарната централа „Запорожје“, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Ситуацијата околу нуклеарната централа се уште е „хаотична“, изјави Халушченко за „Си-Ен-Ен“ во Новоалександривка, во регионот Запорожје, кој инаку ја придружуваше делегацијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) која подоцна влезе на територијата што е под контрола на руските трупи.

Халушченко вели дека му рекол на генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси дека безбедноста на мисијата е „негова одговорност“, на што од Гроси добил уверување дека „може да го преземе тој ризик“.

„Украина ги исполни сите меѓународни обврски и дозволи мисијата да дојде“, рече министерот, додавајќи дека според неговото разбирање, мисијата на МААЕ „има некаков безбедносен договор со Русите“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО