Кличко: Нема да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ, во Киев ќе има новогодишни елки

Од:

Киев планира да постави новогодишни елки, без светилки, низ оштетениот град, и покрај руските напади врз инфраструктурата, кои оставија делови од градот без струја, соопштија властите.

„Никој нема да ги откаже Новата година и Божиќ, треба да има атмосфера на добредојде во градот“, изјави градоначалникот на Киев Виталиј Кличко во интервју за новинската агенција РБЦ-Украина.

„Не можеме да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ“, рече Кличко.

Новогодишните елки ќе бидат специјално поставени за да ги потсетуваат нашите деца на новогодишното расположение“, рече градоначалникот.

Сергеј Коваленко, главниот извршен директор на компанијата ЈАСНО, која го снабдува Киев со електрична енергија, на Фејсбук објави дека, поради заштедата на струја, новогодишните елки ќе бидат без илуминации и венци.

Кличко изјави дека нема да има масовни собири или концерти – вообичаено за новогодишната ноќ. Градските компании ќе спонзорираат новогодишни елки низ Киев, вклучувајќи го и плоштадот Софија во стариот дел на градот, пренесува Хина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск