Киев ќе испрати свој хуманитарен конвој за Луганск и Доњецк

Од:

Украинските власти денеска соопштија дека испратиле свој хуманитарен конвој за жителите во сепаратистичките упоришта Доњецк и Луганск.

Во меѓувреме, кон границата на Украина патува рускиот конвој со хуманитрана помош за овие два региона.

Украиснката претседателска администрација соопшти дека денеска од Киев, Дњепропетровск и Харков заминуваат камиони со помош за жителите на Луганск и Доњецк. Црвениот крст ќе ја подели оваа помош меѓу жителите на двата региона, се наведува во соопштението.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе ја преземе грижата за колоната возила – 15 камиони со 240 тони стоки за најосновните потреби, во градот Старобилск, кој е под контрола на Киев, на 97 километри северно од Луганск.

Украинските власти вчера одлучија да доделат 10 милиони гривни (570.000 евра) како хуманитарна помош на населението во источните региони, кои по четиримесечните борби меѓу проруските сепаратисти и украинските сили се соочуваат со недостиг од основни средства за живот.

Украина и Русија веќе неколку дена спорат околу начинот на кој ќе се распределува пратката со руска хуманитарна помош за Доњецк и Луганск, региони кои се опколени од украинската армија и кои веќе се наоѓаат во „критична“ хуманитарна ситуација.

Рускиот конвој во вторникот тргна од воена база крај Москва и запре во јужна Русија. Многу западни земји и Украина се сомневаат дека конвојот е испратен како параван за евентуален руски упад на украинска територија.

Министерството за надворешни работи во Москва ова сценарио го нарече „апсурдно“.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци