Киев: Бунтовниците да го положат оружјето

Од:

Украинската власт нема да разговара со бунтовниците, додека не го положат оружјето, изјави денеска министерот за одбрана, Валериј Гелетеј.

-Нема да има едностран прекин на огнот од украинските сили, ангажирани во антитерористичка операција на исток на државата-рече украинскиот министер.

Тој наведе и дека претседателот на Украина, Петро Порошенко јасно наведе дека секој преговор, каков и да е, е можен само доколку борците навистина го остават оружјето.

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Стајнмајер вчера го повика Киев да разговара со сепаратистите на исток, за да се постигне примирје, а портпаролот на владата во Берлин изјави дека е неопходно што поскоро да се постигне билатерален безусловен прекин на огнот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала