Киднапирани седум руски и еден украински морнар во близина на брегот на Нигерија

Од:

Седум руски морнари и еден украински, членови на екипажот на товарен брод, беа киднапирани од пирати во близина на нигерискиот брег, соопштија Министерствата за надворешни работи на Русија и Украина.

– Според Амбасадата на Русија во Нигерија, товатниот брод „Би Би Си Карибиан“ на германската компанија „Бризе Шифарт“ бил нападнат на петти февруари во територијалните води на Нигерија. Киднапирани се седум руски граѓани, членови на екипажот, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Руските дипломати во Нигерија се во контакт со локалните власти и сопственикот на бродот, со цел да утврдат каде се морнарите и да ги ослободат колку што е можно побрзо.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивниот државјанин е киднапиран при нападот на истиот брод, што според нив се случил на шести февруари.

Според специјализираниот сајт „Марин сообраќај“ бродот „Би Би Си Карибиан“, што плови под знамето на Антигва и Барбуда, го напуштил градот Дуала во Камерун на четврти февруари на пат за шпанското пристаниште Лас Палмас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он