Вооружени мажи го киднапирале мексиканскиот новинар и активист Моисес Санчес Серезо од неговата куќа, во сојузната мексиканска држава Веракруз.
Неговиот син изјави дека видел мажи во цивилна облека кои дошле со три автомобили и го одвеле неговиот татко, пренесува Танјуг.
Санчес Серезо е сопственик на неделникот „Унион де Бариал“ во градот Меделин, кој известуваше за насилството во градот, поради што, како што тврди неговиот син, добивал закани.
Гувернерот Хавиер Дуарте пред новинарите изјави дека истрагата е во тек и оти приоритет е да се лоцира новинарот и да се врати на неговото семејство.
Во државата Веракруз, од 2010 година убиени се 10 новинари.