Членови на организацијата „Исламска држава Ирак и Левант“, која што е поврзана со Ал Каеда, во понеделник киднапирале италијанскиот језуитски свештеник Паоло Дал Оља, додека шетал низ градот Рака, кој е под контрола на милитантни исламисти.
Свештеникот учествувал во бунтот против претседателот Башар Ал Асад, соопштуваат сириски активисти. Сириските власти минатата година го протерале Дал Оља од државата порад обвинение дека им помагал на жртвите на нападот на режимот на Асад да излезат од еден опколен манастир во планините северно од претстолнината Дамаск, пренесе „Ројтерс“.
Елена Георгиевска