Кери: Техеран има време за дипломатско решение на спорот за иранската нуклеарна програма

Од:

Иран се уште има време да најде дипломатско решение за меѓународниот спор за неговата нуклеарна програма, но Исламската Република мора добронамерно да преговара со светските сили, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

– Моментот за дипломатско решение не може да се одложува бескрајно. Сега сепак се уште има време, изјави Кери во Лондон.

Тој наведе дека има време, но само ако Иран одлучи да седне на маса и да преговара добронамерно.

– Ние сме подготвени да преговараме со добронамерност и со взаемно почитување со цел да се избегнат ужасните последици при евентуален неуспех. Изборот е во рацете на Иран и се надеваме дека тој ќе го направи вистинскиот избор, изјави Кери.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји