Кери: САД се подготвени да прифатат уште сириски бегалци

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД се подготвени да прифатат повеќе Сиријци кои бегаат од војната во нивната татковина, пренесува БТА.

Кери не прецизираше колку бегалци би прифатиле САД или кога.

Според Стејт департментот од почетокот на граѓанската војна во Сирија, САД прифатиле околу 1.500 бегалци, а уште 300 се очекуваат до октомври.

Белата куќа соопшти дека е почнале разгледување на можностите за помош при справувањето со приливот на сириски бегалци, а американскиот претседател Барак Обама смета дека САД имаат морална одговорност да помогнат при справувањето со бегалската криза.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците