Кери: Русија во следните неколку часа да покаже добра волја

Од:

Русија треба да ги повика проруските сепаратисти во Украина да се разоружаат во рок од неколку часа, рече денеска американскиот државен секретар Џон Кери, по состанокот со шефот на француската дипломатија.

-Во целост се согласивме дека е клучно, во следните неколку часа, Русија буквално да покаже дека прави чекори за да помогне во разоружувањето на сепаратистите, дека  ги поттикнува да се разоружаат, дека ги повикува да го положат оружјето и да станат дел од легалниот процес, им рече Кери на новинарите во Париз.

Кери најави и дека лидерите на Европската унија, на претстојниот самит на ЕУ во Брисел, ќе разговараат за можните санкции против Русија.

-Сите сме согласни дека треба да се подготват, иако не им давеме првенство на санкциите. Сакаме да го видиме заедничкиот напор на САД, Европа и Русија и Украина, додаде Кери.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски