Кери: Нуклеарната спогодба со Иран Блискиот исток ќе го направи побезбеден

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Каиро, на неговата прва етапа од блискоисточната турнеја, изјави дека спогодбата за иранската нуклеарна програма без сомнение Блискиот исток ќе го направи побезбеден, пренесоа француските медиуми.

Кери изјавата ја даде по средбата со египетскиот колега Самех Шукри.

-Нема никаков сомнеж дека доколку целосно се примени спогодбата од Виена тогаш Египет и целиот регион на Блискиот исток ќе станат побезбедно место од сега и од кога и да било претходно, уверува Кери.

„САД и Египет признаваат дека Иран имаше преземено активности на дестабилизирање на регионот и затоа сега е толку важно да се гарантира дека иранската нуклеарна програма ќе остане целосно мирновременска“, додаде државниот секретар.

Египет и другите земји од регионот, меѓу кои Саудиска Арабија, се сомневаат дека Иран сака да го зголеми своето влијание на Блискиот исток и го обвинуваат дека се меша во внатрешните работи на соседните држави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута