Премиерката на Хонг Конг, Кери Лам, изјави денеска дека новиот закон за национална безбедност ќе придонесе за стабилност и доверба по неколкумесечни протести.
Законот „не е толку црн за Хонг Конг како што изгледа“, рече Лам на прес-конференција.
Таа додаде дека со текот на времето „ќе расте довербата“ во законот.
Критичарите велат дека законот за безбедност е напад врз принципот „една земја, два система“, во кој Кина му вети на Хонг Конг висок степен на автономија и слобода.