Шефицата на администрацијата на Хонг Конг, Кери Лам, на прес-конференција изјави дека нема да се кандидира за втор мандат.
Нејзиниот наследник ќе биде избран во мај.
Лам го водеше Хонг Конг во период на тешки односи во овој посебен административен регион со централната Влада на Кина. Масовни протести го потресоа градот во 2019 година, а Пекинг одговори со усвојување на строг закон за национална безбедност.
Кери Лам денеска соопшти дека ќе се повлече од функцијата во јуни кога ќе заврши нејзиниот петгодишен мандат.
Извор: МИА