Кери и Лавров по трет пат неделава се сретнаа за кризата во Сирија

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров се сретнаа во ОН вчера по трет пат неделава, да разговараат за кризата во Сирија и разменија идеи за потенцијални можности за напредок по прашањето за политички преод во земјата.

Кери и Лавров изјавија дека во следните денови ќе ги разгледаат дадените предлози. Двајцата најавија дека САД и Русија ќе почнат дискусии на ниво на армии денеска, со цел да се избегнат судири меѓу водената од Вашингтон коалиција што се бори против ИД во Сирија и руските сили.

Русија вчера ги изврши првите воздушни напади во Сирија, нагласувајќи дека тоа биле врз цели на ИД, додека американски претставници и сириската опозиција објавија дека тие се извршени во региони, каде нема присуство на групата.

Кери изрази загриженост дека Русија не ја напаѓа ИД, туку позициите на умерените непријатели на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Русија претстави и предлог резолуција во Советот за безбедност на ОН, со која се повикуваат сите земји да се спротивстават на растечките терористички закани и акции на Блискиот Исток и Северна Африка.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети