Кери и Лавров ќе разговараат за алијанса против Исламска држава

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне денеска во Куала Лумпур со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој работи на тоа да се поттикне договор меѓу Сирија и земјите од тој регион за основање алијанса за борба против џихадистите на Исламска држава.

Кери и Лавров на маргините на самитот на Асоцијацијата на југоисточна Азија (АСЕАН) во Малезија ќе „разговараат за низа прашања од заеднички интерес“, најави неименуван висок претставник на Стејт департментот, не наведувајќи повеќе детали.

Официјална Москва работи на тоа сириската Влада и земјите во тој регион, вклучувајќи ја Саудиска Арабија, да воспостават алијанса за борба против милитантите на ИД, кои зазедоа поголеми делови од сириската територија за време на граѓанската војна меѓу силите на сириската влада и бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија