Американскиот државен секретар Џон Кери и палестинскиот претседател Махмуд Абас се согласија дека е неопходно да се достави хуманитарна помош за обнова на Појасот Газа.
Според податоците на Обединети нации, Појасот Газа е речиси целосно разурнат во 50-дневната израелска офанзива, при што 100.000 Палестинци останаа без домови.
Абас в петок пред Генералното собрание на ОН ќе претстави нов план за израелско-палестински мировни преговори.
Кери на средбата со Абас повторил дека Вашингтон поддржува решение за израелско-палестинскиот конфликт според моделот за создавање на две држави.