Кери го известил Дамаск дека следуваат напади на САД врз ИД

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери ги известил сириските власти дека САД и нивните сојузници имаат намера да нападнат позиции на Исламска држава во Сирија. Писмото е доставено до Дамаск со посредство на Багдад неколку часа пред да почнат нападите.

Сириските власти кои претходно предупредуваа дека за какви било напади потребно е одобрување од Дамаск, не осудија напади што САД денеска ги извршија со неколку залливски држави и Јордан, против Исламска држава и милитантни активисти од ограноци на ал-Каеда.

Во владино соопштение се вели дека сириското МНР тврди оти добило писмо од Кери преку ирачкиот минстер за надворешни работи и оти Дамаск ветил продолжување на борбата против Исламска држава, група која зазеде големи делови од северна и источна Сирија. Сириската Влада исто така укажува на можност Ирак да посредува во индиректен контакт меѓу Дамаск и Вашингтон.

 Русија ги критикуваше нападите на САД и оцени дека не смееле да бидат извршени без согласност на Дамаск.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД