Кери бара од талибанците „чесен мировен договор“ со Кабул

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери побара денеска од талибанците во Авганистан да постигнат „чесен договор“ со Владата во Кабул и на тој начин да го следат неодамнешниот пример на озлогласениот воен лидер кој потпиша мировен договор со авганистанските власти.

Кери им порача на талибанските екстремисти да го предадат оружјето, за да можат воените сили предводени од САД да го напуштат Авганистан.

– Постои чесен начин за прекин на талибанските судири, во кои не може да се победи на бојно поле, истакна Кери на меѓународната донаторска конференција во Брисел, посветена на Авганистан.

Според него, мировниот договор кој минатиот месец го склучи Гулбудин Хекматјар, лидер на групата Хезб-и-Ислами и клучна фигура во авганистанската војна во 90-те, служи како „пример дека може се да се постигне“.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес