Кениските војници ќе продолжат да се борат против Ал-Шабаб во Сомалија, наспроти нападот што минатата недела оваа група, поврзана со Ал каеда го изврши во трговскиот центар во Најроби, изјави денеска кенискиот министер за внатрешни работи Џозеф Оле Ленку.
Ленку рече дека и дека во врска со нападот, во кој се убиени 67 цивили и припадници на силите за безбедност, како петмина екстремисти, притворени се осум лица, додека тројца се ослободени.
Лидерот на Ал-Шабаб Ахмед Абди Годан рече дека нападот од минатата сабота е „порака до Западот“ кој ја „поддржа инвазијата на Кенија (во Сомалија) во која е пролеана крв на муслиманите поради нивните нафтени компании“ и се закани со „ново крвопролевање“ доколку Кенија не ја повлече војската.
Кенија изврши инвазија врз Јужна Сомалија и нападна бази на екстремисти пред две години, а подоцна се придружи на силите на Африканската унија распоредени во земјата.