Кенискиот Црвен крст и Министерството за внатрешни работи соопштија дека жртвите во исламистичкиот напад во трговскиот центар во престолнината се 62, а повредени се најмалку 175 лица.
Претходно беше соопштено за 69 убиени во тридневната драма. Властите предупредија дека бројот на жртвите и повредените може да се зголеми. Црвениот крст додаде дека судбината на 63 лица е непозната.
Меѓу загинатите во „Вестгејт мол“ има Африканци, Европејци, Азијати и Американци.
Претставник на кениските специјални служби објави дека терористите се „мултинационална група од целиот свет“.
– Ова не е инцидент од локални рамки. Војуваме со меѓународен тероризам. Имаме доволно разузнавачки информации да мислам такам, изјави претставник на специјалните служби Џулиус Караги.
Одговорност за терористичкиот напад презеде исламистичката група „Ал шабаб“, истакнувајќи оти тоа е одмазда за учеството на кениската војска во воени операции против групата на територијата на Сомалија.