Кениските власти ги објавија имињата на напаѓачите во „Вестгејт“ во Најроби

Од:

Кениските власти денеска ги соопштија имињата на четворицата напаѓачи, кои беа вмешани во четиридневната опсада на трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби, при што загинаа 67 луѓе, а одговорноста за нападот ја презеде сомалиската исламистичка група „Ал Шабаб“.

Портпаролот на војската Емануел Чирчир изјави дека напаѓачите се Абу Бара ал-Судани, Омар Набан, Катаб ал-Кене и Умајр.

Поранешниот шеф на Мониторинг групата на ОН за Сомалија, Мет Брајден нагласи дека Ал Кене и Умјар се познати како членови на „Ал Хиџра“, кениска екстремистичка група која е поврзана со сомалиската „Ал Шабаб“.

Тој додаде и дека Набан можеби му е роднина на Салех Али Салех Набан, еден од најбараните оперативци на терористичката мрежа Ал Каеда се додека не беше убиен во 2009 година.

Лидерот на „Ал Шабаб“, Абди Годан изјави дека нападот во трговскиот центар е „порака до Западот“, кој „ја поддржа инвазијата на Кенија во Сомалија, во која е пролеана крв на муслиманите поради нивните нафтени компании“, и се закани со „ново крвопролевање“ доколку Кенија не ја повлече војската.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“