Владата на Кенија денеска апелираше до своите граѓани Светското првенство во фудбал да го гледаат во своите домови, а не на јавни места. Апелот уследи по двата неодамнешни напади, при што загинаа 60 лица.
Во исто време кениското Министерство за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили застрелале петмина осомничени за убиството на 60 жители на кенискиот крајбрежен град Мпекетони.
Вооружени мажи прво убија 50 луѓе, а потоа уште десет во Мпекетони. Првиот напад беше во два хотели каде граѓаните гледаа фудбал.
Кенискиот претседател Ухуру Кенита ги обвини кениските политички сили за нападите, наместо сомалиските исламисти од Ал Шабаб.