Кениските безбеднсни сили ликвидираа уште шестмина напаѓачи од „Вестгејт мол“

Од:

Вооружените сили на Кенија убиле „шестмина од преостанатите напаѓачи“ во трговскиот центар „Вестгејт мол“ во Најроби, јави денеска кениската телевизија.

Во телевизискиот прилог не беа објавени повеќе детали, а нема ни официјална потврда на оваа информација.

Припадници на силите за безбедност претходно изјавија дека се убиени се тројца од групата од 10 до 15 исламисти, кои во саботата го нападнаа „Вестгејт мол“.

Властите соопштија дека состојбата во трговскиот центар е под контрола, но и покрај тоа утринава од зградата се слушнаа експлозија и истрели.

Кениските безбедносни сили информира дека „речиси сите“ заложници се спасени, но денешните случувања во „Вестгејт мол“ најверојатно значат дека операцијата на „чистење“ на објектот продолжува.

kenija-cad

Известувачите на западните медиуми од Најроби јавуваат дека утрово од трговскиот центар било изнесено тело, како и дека во зградата се гледаат палмени јазици и од неа се крева чад.

Според непотврдени информации, мала група сомалиски исламисит се уште држи „десет или повеќе заложници“ во центарот.

До вчера официјалната информација беше дека во нападот на исламистите загинале 62 лица.

Трговскиот центар беше нападнат во саботата од припадници на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб. Дел од луѓето кои се наоѓале во зградата успеаја да избегаат уште во првите часови од нападот, додека неколку десетици беа задржани како заложници. Бројот на заложниците досега не е точно утврден.

По нападот и заземањето на дел од центарот, исламисите изминативе денови ослободија поголем број од заложници, а некои од нив успеаја сами да побегнат.

Кениските власти тврдат дека меѓу напаѓачите имало лица со различно потекло, вклучувајќи и американски и британски државјани.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“