Кениските безбедносни сили интервенираа против исламистите во трговскиот центар во Најроби

Од:

Кениските безбедносни сили утрово презедоа нова акција против исламистичките екстремисти, кои се уште се наоѓаат во трговскиот центар „Вестгејт мол“ во Најроби.

Во реонот на луксузниот шопинг центар се слушнала интензивна престрелка во траење од околу 15 минути, а потоа одекнале и три експлозии.

Во текот на ноќта кениската армија соопшти дека ги изолирала напаѓачите, кои се уште држат „не повеќе од 10 заложници“.

kenyaweb3-articleLarge

– Бројот на заложниците, кои ги држат во зградата, не е поголем од 10 лица, изјави воениот портпарол, полковник Сајрус Огуна.

Тој истакна дека не може да го прецизира точниот рок за завршување на спасувачката операција на безбедносните сили, кои се поддржани од израелски експерти за антитероризам.

Повеќето заложници биле ослободени од кениските сили, кои го контролираат поголемиот дел од зградата на трговскиот центар.

Во операцијата за прекин на опсадата биле повредени четворица војници.

Според најновите податоци на кенискиот Црвен крст, бројот на жртвите во нападот, кој беше извршен во саботата од страна на припадници на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, изнесува 68 лица.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“