Претседателот на Кенија Ухуру Кениата одобри закон, со кој се легализира полигамијата и овозможува на мажите да имаат колку што сакаат жени.
Бројот на жени со кои може да се ожени еден маж, зависи од традицијата на неговото племе, објасни локална адвокатка. Во Кенија има 42 племиња и многу од нив немаат ограничување на бројот на сопругите, што може да ги има еден маж, под услов да може да си ги дозволи.
Досегашните закони со кои се регулира бракот, се изработени од британските колонизатори, пред Кенија да добие независност во 1963 година и не ги отсликуваат вредносните системи на локалното население, нагласи кениската адвокатка.