Кенискиот претседател назначи нови шефови на силите за безбедност по бранот напади

Од:

Кенискиот претседател Ухуру Кениата изјави дека назначил нов министер за внатрешни работи и ја прифатил оставката на шефот на полицијата, по критиките дека тие не успеале да го спречат бранот напади, за кои се обвинети исламистички радикали.

Претходно денеска вооружени исламисти убија 36 работници во каменолом во северниот дел на земјата.

Источноафирканската земја беше зафатена од вооружени и бомбашки напади, откако минатата година беше извршен напад врз луксузниот трговски центар во престолнината Најроби „Вест гејт“, во кој загинаа 67 лица.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“