Кениската Влада не смее да го затвори најголемиот бегалски камп во светот

Од:

Кенискиот суд денеска донесе одлука Владата да не смее да го затвори најголемиот бегалски камп на светот и на тој начин да испрати повеќе од 200.000 лица назад во Сомалија, каде владее воена состојба, јавија американските медиуми

Оваа одлука ги отстранува сите стравувања на Сомалијците дека кампот ќе биде затворен до крајот на мај.

Министерот за внатрешна безбедност на Кенија ја злоупотребил својата положба со тоа што наредил кампот Дадаб да се затвори, рече судијата Џон Мативо, додавајќи дека министерот и останатите претставници го прекршиле законот, владеењето на правото, како и заклетвата која ја дале кога ги преземале функциите.

Организациите за правата на човекот „Амнести интернешнел“, „Китуо ча Шериа“ и Кениската национална комисија за човекови права ја оспорија одлуката на Владата за затворање на кампот, што е во функција повеќе од 25 години.

Кениската Влада соопшти дека ќе се жали на одлуката на судот.

-Тоа што сме влада значи дека имаме одговорност пред се кон Кенијците, мислиме дека оваа одлука треба да се отповика, изјави владиниот портпарол Ерик Кираит.

Судијата наредбата на Владата за затворање на кампот ја нарече дискриминаторска, дека е во судар со кенискиот Устав, како и со меѓународните договори што бегалците ги штитат од враќање во воените зони.

Владата на претседателот Ухуру Кенијате не докажа дека Сомалија е безбедна за враќање на бегалците, изјавувајќи дека наредбата за затворање на кампот е ништавна.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“