Кениската полиција уапсила двајца свои членови и почнала истрага за инцидентот во кој загинаа двајца мажи за време на полициска операција во округот Гарис, јавија локалните медиуми.
Претставници на Независното тело за испитување на случаите на полициска бруталност се испратени во округот на истокот на земјата.
Британските медиуми наведуваат дека до убиството на двајцата мажи дошло за време на вчерашното пукање на еден пазар, иако засега нема други детали за инцидентот.
Меѓународните организации за човекови права изразуваат загриженост за начинот на кој полицијата во Кенија се однесува кон населението.
Амнести Интернешенел соопшти дека кениските органи за спроведување на редот годинава убиле најмалку стотина лица, од кои 21 се убиени откако ја прекршиле забраната за движење, наметната зради пандемијата на коронавирусот, односно за неносење заштитна маска за лице.