Денеска во главниот град на Кенија, Ухуру Кенијата положи заклетва за втор петгодишен мандат како претседател.
На стадионот во Најроби, Кенијата беше пречекан од 60 илјади приврзаници, а на церемонијата присуствуваа и 13 лидери на држави и влади, меѓу кои и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Опозицијата во Кенија денеска одржа мирни демонстранции во спомен на десетиците убиени од полицијата и кенијските милиции за време на протестите против повторување на изборите.
Тие се обидуа да влезат на стадионот, но беа спречени од полицијата, која што употреби солзавец за да ги растера.